Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добро банкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува "гарантирано без вкус и мирис"; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција "изгреби и помирисај" со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Зад себе ја оставаше свежината од препознатливот парфем кој го користеше секој ден пред да тргнеш на работа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)