„Пат мораш да ми дадеш. Јас не можам по воздух да врвам за куќата што тука ќе ја изградам“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наместо одговор, старецот продолжи: -Мојата глаголивост тебе ти е потребна... – зборуваше неумерно старецот. – Иако мудроста молчи, а глупавоста зборува – овој пат морам да зборувам.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Си ветив дека од утре ќе бидам „парадентошизомазопато- хомосаурус” или просто речено, мојата болест се добиваше, што би рекол големиот Волтер (ете, и овој пат морам да позајмувам туѓа изрека), кога „А-Б”, ќе се помножи со „Д”, а нивниот резултат ќе се подели со „Ф”, или обратно беше, не знам.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
За прв пат морав да бидам груба со него, освен еднаш кога му зборував дека е многу разгален и мисли дека сите треба да бидат жртви за него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Човек што поминал еден таков мачен, понижувачки пат мора да ја знае вистинската цена на тоа бедно малечко мускулче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)