По залезите, по последната дневна тага искажана со писок на бездомна животинка што се засолнувала меѓу лисја на гранки пред рано измитарена лисица, месечината, скаменет цвет над камен, никнувала од темниот раб на многугрблестите ридишта, поточно од самиот крај на светот: жугнувајќи од невидлива фиданка кон спокојството на височините, кон тајните на сите човечки надежи, побелувала и станувала спрложена, била лик на потаен покосник со нејасна, размачкана насмевка и изгледала дека претскажува нови неволи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По дружината со стемнувањето се влечел стар и осамен волк што претпазливо чиниш проценувал дали да ѝ се придружи на глутницата двоколки или да причека додека таа не остави на својот пат крвав залак до кој се доаѓа без опасност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)