„Оној што не е прашан никогаш не е во состојба да се пожали.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Посакав да ја затворам неа а јас да заминам по патиштата свои по нови гори и умови по нови развигори.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
— „Од една куртули, на друга нагази!“ — се жалеше, вртејќи ја главата од Становица за да го види за последен пат своето Витолишча и во него Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Вие сте среќници. Вам веќе не ви виси над главата тој проблем: како да го изведете на пат својот пород“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар за овој свет Мајкин повод, за една нејзина книга од библиотеката која постојано носеше опасни книги, да го рече за прв пат своето „не”?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој избира пат свој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Луѓето, бидејќи знаеја дека баба Севда заборава и зборува што е да е нека е, едни ја сожалуваа, други се потсмевнуваа, ама главно гледаа неа заволијата да не ја повредат, и така секој си го гледаше патот свој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)