Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По кратко задржување кај директорот Стево Трајчов, Волнаровски стави една папка со материјали на задното седиште во волвото и замина по патот надолу, кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Заодија по патот надолу со мисла пред мостот да скршнат малку по река нагоре и да се пикнат во воденицата Германова додека да наиде некој од селото за да се распрашаат што е и како е.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
По патот надолу одеа двајца Германци.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Други гледаа долж патот надолу надевајќи се дека ќе здогледаат облак прав, да чујат брчење на автомобил со кој ќе допатува Брчалото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)