„Сакам да ти кажам“, продолжи по мала пауза да зборува Владе, „што успеав да пронајдам во врска со гробот на Никола.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знам дека ќе дојдам и јас на ред, па дури и пауза да ме фати не трае колку лутина на грчки цариник кој може по сопствен избор, а и расположение на жената му од претходната ноќ, да штрајкува во следните 24 часа, за да ѝ докаже на цуцата дека, незадоволен, не може да задоволува работни обврски ни тој.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Учителот правеше пауза да види како го следат и продолжуваше: - Жителите се од словенско потекло... Македонци... Ќе се уверите и самите...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)