Под од плочки, висечки таван и слична “униформност” придонесуваа за конфузија на пациентот во воспоставувањето однос кон просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Татко ви е фабрикант на сапун, народен книжевник и културен споменик во градов, а јас сум пациент во заводот кој почесно го носи неговото име.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Стана десна рака на лекарот во враќањето на заздравените пациенти во нормалниот живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во повоените години доктор Станеф беше присилен да ги посетува своите пациенти во брзорастечките предградија, во кои поголем дел од стариот кварт беше осуден на уништувањето поради проширувањето на главната улица што минуваше низ него и која водеше кон булеварот со четири ленти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
ronald leing СОПСТВЕНОТО И ЛАЖНОТО ЈАС КАЈ ШИЗОФРЕНИКОТ Сега ќе се обидеме да ги поткрепиме своите зборови со избрани описи на шизофренијата што ги даде еден американски пациент во фазата на закрепнување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- ќе се создадат пациенти во влакно слични на Елвис Присли и Џенис Џоплин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)