Сара не им се придружуваше на пријателите на сестра си; кога ја посетував во средите, останувавме во нејзината соба, разговаравме како и вообичаено, и само повремено ќе се заслушавме во гласната смеа, во живите дискусии, или во звуците на пијаното и заедничкото пеење кои доаѓаа од спратот над нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во една од тие среди Берта се симна во собата на Сара и нѐ замоли да се качиме во нејзиниот салон, за да го запознаеме сликарот кој треба да изработи портрети на нивното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)