Се интервенираше и кај одредбите кои ја регулираат професионалната рехабилитација на работниците каде е утврдено дека осигуреникот кој стекнал право на професионална рехабилитација, од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време на професионалната рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место, има право на надоместок на плата во висина на инвалидската пензија во случај на професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Фактички, со оваа промена дојде до повишување на старосната граница, бидејќи старосната граница за остварување право на старосна пензија во 2005 година изнесуваше 64 години за мажи и 61 години за жени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Предвидено беше и тоа дека, во случај да работат повеќе од три години, за годините навршени по овој период, на овие лица ќе им се пресметува пензија во висина од 1% за секоја година помината на работа, од пензиска основица определена од платите, без валоризација (чл. 3), но оваа одредба беше укината од страна на Уставниот суд во 2008 година. 6 Неколку месеци подоцна, овие промени беа и целосно укинати со усвојувањето на измената и дополнувањето од 24 декември 2008 година (чл. 1, 5 и 10, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)