Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со истата оваа 189 пресуда се констатираше и повлекување на тужбата во делот кој се однесуваше на подолгиот период за казнената камата, како и за уплата на придонесите во ФПИОМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со ваквата измена дојде до намалување од цели 8 часа(!) на минималниот период за одмор и уште еднаш се покажа генералната, негативна прогресија, при измените во трудово-правната материја; г) со усогласувањето на прописите од ЗРО и ЗПИО,30 се предвиде дека работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има право на скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор (чл. 29 од ЗИДЗРО/фев.13). 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)