Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Премини на перонот во периодот по пубертетот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На перонот во Битола нè чекаа петмина другари на дедо ми: дедо Шиман, дедо Јове - Галеното, брат на загинатиот народен херој Таќи Даскалот, дедо Цане, дедо Боро и дедо Миле - Штурецот - татко на тетка Марина, пријателка и колешка - новинарка на мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Борхес одбиваше да ги признае тие промени и да им се прилагоди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но Аргентина беше многу повеќе од тоа: нација која од Перон во 40-ите години мина низ периоди на длабоки промени во својата општествена и политичка шминка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој генералите ги поистоветуваше со татковците на аргентинската независност и веруваше дека офицерите се “единствените господа сѐ уште кадарни да & служат на татковината”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како што Леополдо Лугонес, водечкиот аргентински писател во 20-ите години, ја охрабруваше војската да се вмеша во политичкиот живот и да ја преземе власта Margina #32-33 [1996] | okno.mk 209 за конечно земјата да биде водена како војничка касарна, така правеше и Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)