песна (имн.) - кој (зам.)

Нико им ги испеа на Дилан и Брајан двете нови песни кои Лу и Џон ги напишаа за неа - Ill Be Your Mirror и All Tomorrows Parties.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Брајан Џонс и Нико беа добри пријатели, па тој и Дилан едно попладне заедно влетаа во Фектори, додека Велветите пробуваа, а јас со Дејвид Витни и Дејвид Вајт ги правев Сребре­ните Јастуци за мојата следна изложба во Кастели која требаше да се одржи во април. (Ги искористив и за Денс концертот на Марс okno.mk | Margina #15-16 [1995] 111 Канингем и навистина бев приврзан со нив: додека ги правев, имав впечаток дека мојата уметност исчезнува, како моите слики да одеа од yидовите и одлетуваа од нив во некој непознат правец).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Па еве, тие се оние „идни“ песни кои се одговор на она: што по ова!
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Па, како да не веруваме дека секој од нас во крвта носи траги и од некој свој директен предок од некоја Голгота и како да не ја запееме онаа песна која уште никој ниту ја испеал ниту пак ја чул?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одломка сме од она и вечно и бесконечно мало кое само по себе го изгубило сеќавањето на себеси и сега секој саме си ја пееме песната која уште никој не ја испеал и никој не ја чул.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Има една песна која уште никој не ја чул зашто е тоа само твоја песна.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Има една песна што уште никој не ја испеал но еднаш сите ние секој саме ќе си ја испееме секој сами ќе си се - отпееме...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Она што несомнено и непобитно е, е дека „Две тишини“ е исклучителна песна која на времињата, на просторите, на чувствата и на кобата на судбината гледа со исти очи, со очите во кои засекогаш е втиснат стихот како глетка, но и како порака и писмо до вечноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Само гората пееше некаква монотона песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку повеќе се приближува до крајот на песната која што ќе ја пее, толку повеќе ѝ се очите во шишето. Пее).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја куашт!... Ги гледаш?... (се слуша песна која што ја пеат Арнаутите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Жими господа златен ние сме браќа! (Јасно се подразбираат зборовите од песната која што ја пеат Арнаутите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А за песната кој која што си сака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Потоа, следуваше вообичаената роденденска песна која сите ја пееја во еден глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога уметникот е многу тажен, може да напише божествена песна која ќе биде хит во цел свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вчера се присетив и на една песна која ја пеев во хор на училиште.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но тогаш пееше и други револуционерни песни кои никогаш не ги заборави и чии рефрени ги потпевнуваше, посебно песната A las baricadas, кога му беше тешко во животот, особено кога беше сам во ќелијата на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случуваше да потпевне и песна која прострујуваше во старата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А неколку прегради понатаму, една мека, безопасна, заспана креатура по име Емплфорт, со мошне влакнести уши и со изненадувачки талент да си игра со рими и со стихови, произведуваше искривени верзии - или дефинитивни текстови, како што ги нарекуваа - песните кои беа идеолошки опасни, но кои од една или од друга причина, требаше да бидат задржани во антологиите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас ќе пишувам песни кои ти никогаш не ни ги читаш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Од другата одаја се накрева песна која постепено ги исушува солзите кај сите и го враќа блесокот на радоста во очите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)