Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)