Ако контрастот е логичен, си реков
тогаш ќе направам писанието мое
да биде посветло
зашто се збива на север
таму кајшто изгревот доцни
а пак заодот поранува,
таму кајшто сѐ е помазано со благ како шира
леплив и збувнат
налик на долго воздржувана сперма
самрак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Господе, прости ги гревовите и благослови того кој ќе прочете сие писание мое.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)