Оваа рамница треба да биде новата градска плажа на која во најблиската иднина ќе се сончаат и пливаат не стотици, туку илјадници корисници. И ќе носат пари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
А што ако плажата на која уживавме во нашето повторно откривање е токму онаа каде младичот ја сретна чудесната човеколика риба?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)