планина (имн.) - не (чест.)

Кирил беше многу постар, но во планинава не можеше да избираш друштво, туку ќе играш и ќе се дружиш со оној што ти е најблизу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чана гледа многу повеќе од нив: бавчи, дрвја секакви во нив, планината не е голема, само сепак ги наполнува сосема очите и врз неа нема друга планина оти иако е облачно и роморливо, напати ветрето што се подава расчистува по некоја дупка во која се здогледува само небо над неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И покрај сите црнила и балкански премрежиња, Татко не престануваше да верува во овдешната изрека дека планина со планина не се сретнува, но човек со човека - да.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не ти треба ни држава ни бутур. - Џандари у планина не идат, а ќе бидеш и поблизу до Бога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)