Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А кога ќе ја отнеше тапата од шишето, таа пукаше како ќорфишек од берданка - шишето завиткано во стари весници, стуткана мукава или, сплетено ако е поголемко, во ѓолско лико, а тапата не од плута како што беа граничните пловки на езерото туку од исушена кочанка што излегува од устињето насилно, со офкање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)