Маврово, со нашата куќа среде ливадата, опкружена со густа шума, со потокот што тече крај куќата, со срните што нѝ доаѓаат во близина, со ѕвезденото небо што ноќе слегува толку ниско што ти се чини дека можеш да набереш грстови сјајни ѕвезди, сето тоа изгледаше како вистински рај наспроти пеколот во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вангел вели На горната плоча имало место, Геле Колишев Богородица и нејзините деца горе се, ама ја тргнаа скалата, ја измолкнаа кај себе токму кога сакавме да призниме и ние.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од тие букви што ги правеше Даскалот на црните камени плочи имаше направено едно чудо, ама овие денови тој работеше повеќе на две плочи, за некои велеше ќе ни требаат за Водици.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Жештината во градот беше толку тешко залегната што понекогаш ми се чинеше дека џиновска бетонска плоча има над него наместо небо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Наместо да им кажува за селото, за кусиот живот со татко им, за овците што ѝ го враќаа толку пати колку што се они на број, таа, пред да западне во сонот, им кажа дека горе, на плочата има една тајфа од маж, жена, болна мома и Адно дете у гимнашиу одел тука, гу видек ка дујде вадин, бил уд пунапред тука, а гушна мајката и заплака!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)