Самотија бедна, со скршено срце, во клисура тесна, јас плоштад ќе градам со светулки од звездени јата и фенерот згаснат во ноќта ќе свети, деновите јадни вжарената топка, посилно ќе светка, потопло ќе грее...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Па, денес ќе си купам корици и на плоштадот ќе постелам картонска кутија, а на неа во оригинал ракопис од тефтер ќе ги продавам приказните... во корици.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Никој не можеше да поверува дека, само неколку дена по парадата на денот на победата, на овој ист плоштад ќе продефилираат козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)