Во случајот кога инвалидноста наста- нала како последица на болест или повреда надвор од работата, виси- ната на овие парични надоместоци е намалена од 70 на 50% од основата за пресметување на овие надоместоци, додека во случај инвалидноста да настанала како последица на повреда на работа или професионална болест, висината е намалена од 100 на 80% од основата за пресмету- вање (чл. 6, ЗИДЗПИО/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трето, само лицата кај кои професионалната неспособност за работа настанала поради повреда на работа или професионална болест имаат право на профе- сионална рехабилитација без оглед на должината на пензискиот стаж, додека за лицата кај кои оваа неспособност настанала како последица на повреда надвор од работа или болест стекнуваат право на професи- онална рехабилитација само ако ги исполнуваат условите во однос на пензискиот стаж за стекнување право на инвалидска пензија (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инвалидност може да настане поради болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионални болести.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инвалидност постои и кога кај осигуреникот поради промени во здравствената состојба, која не може да се отстрани со лекување, ќе настане трајно губење на работната способност [општа неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)