За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата плаќаше седум бели череци или 35 гроша — на трупарите по еден черек, два на мајсторот дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на бичкија, по грош и шеесет пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Храната на бичкиџиите се знаеше: царевна погача и вода од петшест зрна грав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дедо Крсто седнат скрзнозе, запали чибук, влечи полека, испушта миризлив чад, а баба Крстовица стави пред неа топла погача и веднаш зад неа влезе мајка со бокал топол течен пекмез.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пижаместото протегање на балкон. Двете симит погачи и јогуртот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
МИТРЕ: (кој за ова време сечеше леб ја зема погачата и му ја дава на Котета). Земи, Коте, пресечи ја ти!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Оттогаш по реката истекоа многу води. Но тогаш тој, со козарите, беше пречекан со погача и сол, му дадоа покрив над главата, дури и за козите имаше извесно разбирање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Убави моми, со раскошни носии, со мозаични бои, со погача и сол, ги пречекуваа гостите и им пожелуваа добредојде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)