Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Споменот ја има способноста дури и на најсветлата улица, измиена до коска од бистрата сончевина, да му понуди на споменот дамнешни простории и во нив мали осветлени витрини по кои погледот шета и ги пребира необичните скапоцени предмети.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сандре со светнати очи и разигран поглед шеташе по нас загледувајќи нѐ сериозно де еден, де друг: - Другари, испратен сум од учителот да го свикам овој состанок и да ви пренесам една многу важна задача.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Робовите секогаш ги држат главите наведнати, со погледите шетаат само по прашината, по калта на земјата. Затоа тие патат од очна миопија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Милане, каде си? што си се искачил таму? - Дојди горе. - Слези ти, што барам горе. - Дојди. Ќе видиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)