поглед (имн.) - и (чест.)

Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога им се вкрстија погледите и двајцата знаеја дека сѐ уште длабоко во нив се крие жарот на младешката љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фрли поглед и кон заинатено виснатото пладневно сонце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)