Вака ако затера, богами, виртуози ќе станат, авторитет на лажните појави, таложејќи си го по страна својот капитал, како сталагнити или креч создаден молкум, полека како во подземјето на глечерите во македонските длабоки јами, многу далеку од очите на работничката класа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Неколку минути потоа, веќе слегувавме кон западната одаја во подземјето на храмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јурак – од подземјето на Метрополата, макро. Јованчо Крстов, службеник на Табановце. Цвета – келнерка, безлична и безначајна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)