Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сѐ како што беше. „Од подрумите на Лубјанка се гледа само Сибир“, велам и — оп, опали.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш сите од маалото со часови зјапавме, напикани токму во подрумот на Мики, во и меѓу нозете на девојките и жените што стоеја пред продавницата „Громби“ над нас, врз подрумските решетки, а кога понекогаш ќе задуваше ветерот на кој му го заборавив името, тоа го доживувавме (молкум) како премиера.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Затоа проверував со третиот, најмалиот, „Olimpikus“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ме потсети кога со брат ми Никодин ги крадевме теглите од подрумот на баба, јадевме така со прсти, сѐ додека не ѝ го видиме дното на теглата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Почна да се враќа кон неговото место, под ескалаторот кој го поврзуваше подрумот на трговскиот со првиот спрат.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)