поединец (имн.) - ќе (чест.)

Покана за плаќање на глобата на сторителот на прекршокот ќе му врачи инспекторот на трудот на местото на прекршокот (чл. 265, ст.1, ал. 6 и ст.2-4 од ЗРО). 7.  Изведувањето на доказите го определува советот, односно судијата поединец – со решение, во кое ќе се назначи спорниот факт за кој треба да се изведе доказот и доказното средство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Предложените докази што не ги смета за важни за одлуката, советот, односно судијата поединец ќе ги одбие и во решението ќе ја назначи причината за одбивањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еден понатамошен чекор за развој на електронската стварност што набргу ни претстои, ќе биде приклучувањето на персоналниот компјутер на видеорекордерот - така што поединецот ќе може да земе различни секвенци од случувањето, да ги обработи и да ги поврзе меѓу себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значи дека прометот на интеркомуникацискиот хардвер и софтвер за домашна забава на поединецот ќе биде далеку поголем од прометот со хардвер и софтвер за претпријатија и организации.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секој поединец ќе стапи во комуникација со цел универзум податоци, коишто ќе бидат низ нашите компјутерски врски пренесувани од еден до друг. Input-и ќе добива од толку извори и од толку луѓе колку што ќе сака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овие евтини дигитални орудија веќе го претворија домот во киберстудио во кое поединецот ќе дизајнира, уредува, изведува и пренесува идеи (меми) на својот екран.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Светот станува соседство во кое едно лице оддалечено осум илјади милји може да биде “овде, под твојот прозорец”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поединците облечени во кибероблека ќе бидат во состојба да се сретнат во виртуелните реалности направени за двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)