Две години по поразот кај Јена, 1808, повикан да го даде своето мислење за една збирка на најдобра германска поезија која би била пристапна за германскиот народ, на молителите тој им даде само еден совет: во својата антологија да ги вклучат и германските преводи на странските поети.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да одделиш миг, минута, час, оваа поезија кој ја чита бесплатно нека ги земе, сѐ што е бесплатно највредно ќе е.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако брат ми замина од дома а времето кога не беше со пациентите го минуваше со Марта Бернајс, откако Сара ја среќавав само во сеќавањата, откако Клара потона во своето отсуство, чувството на отфрленост, таа свесност дека повеќе никој не копнее по моето присуство, ме правеше ранлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така станува опасна конкуренција на незнаениот јунак од фолк поезијата кој што успева низ прстен јајце да погоди.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И така ѝ зборував на Клара за Сара, ѝ кажував за пеперуткарникот, за пеперутките кои слетуваа на нејзиното тело, за поезијата која Сара ја читаше, ѝ кажував толку нешта кои некогаш се случуваа, ги кажував како да се случуваат сега, и само едно нешто премолчував, она кое беше доказ дека тоа што го раскажував е присутно само во минатото и во сеќавањето за него. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)