Марија погледна под покривката и здогледа ледени очи и непоткуплив показалец кој ѝ покажуваше да застане во редот. Го послуша.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)