Политиката нема работа со науката.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само за политика немаше тука луѓе. Тој не кажа зошто лежи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секретарот Трим Тоска, на крајот, го заклучи свечениот дел на седницата и го најави работниот дел за попладнето, кога се очекуваше да бидат изложени плановите за градбата на првата хидроцентрала на реката на истекот од Езерото, кога експертите требаше да си го кажат своето, а и политиката немаше да остане замолкната.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)