Во полицијата беше издадена наредба да се фати мртовецот по секоја цена, жив или мртов, и да биде најжестоко казнет, како пример за другите, и дури речиси успеаја во тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Целата турска војска и полиција беше во приправна состојба, откако по македонските гори излегоа да крстосуваат комити.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На плеќите носеше големо бале черги. Чергите ги носеше од перење.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Властите, партијата и полицијата беа збунети.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во таа улица, во една куќа, се забарикадираа анархисти: во акцијата мораше да стапи и војската, бидејќи полицијата беше беспомошна.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)