Ги слушаа проповедите на попот кој зборуваше: сите сме во рацете на Севишниот; од волјата негова сè зависи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Слушајќи го попот кој ги погребуваше мртвите, ги научи молитвите. Му помагаше во пеењето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мене најмногу ме зарадува што тука меѓу луѓето го видов и Килета на дедо попот кој, во едно струнено вреќе, собираше деланки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Затоа кога видоа дека Турците идат в село, се им излезе пред очи и почнаа да кршат прсти и да се жалат: – Е, што ќе правиме сега, попче? – го праша ќефалијата попот кој важеше во селото како духовен пастир и најпаметен човек. – Е море, што ќе правиме, Димо!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)