Можеби сето тоа не беше заради осаменоста. Можеби поразот беше во друго. Бев исмеан, тоа ли? се праша. Не, тоа не, одговори. Пророк, тоа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, кај овој човек, што беше поразен првпат во својот век, поразот беше бескраен, вечен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поразот беше очигледен, но мораше да се слави како триумф.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ѓорѓе не ни проба да бара одговори на нападите на Рада. Неговиот пораз беше конечен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но Климент Камилски не ќе беше тој, ако лесно се предадеше, дури и кога знаците на поразот беа јасни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)