порака (имн.) - кој (зам.)

Според правилата за рекламирање, забрането е рекламирањето на жестоките пијалоци, како и рекламите наменети за младите кои во себе носат пораки кои го поврзуваат пиењето со возење кола, или кои поттикнуваат прекумерна употреба на алкохол.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тишината останува највозвишен облик на мислата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тишината крие двосмислени пораки кои често може да бидат декодирани само од зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првиот знак за тоа беше пораката која му ја пуштив на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа веднаш испратив нота и до кабинетот на тогаш невидливиот и недопирлив Јасер Арафат, во која го известував за итната порака која ми беше упатена за него и барав итен прием за да му ја предадам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие ти се тука, додека сум жива... тие остануваат и со тебе... со нас... ќе продолжат да го покажуваат татковиот пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шифрантот Петар Иваз беше изненаден од брзината со која ја напишав телеграмата, откако ја прочита и ја шифрира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Смачено ми е од пораки кои треба да се дешифрираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Добро намерните пораки се корисни, но некои луѓе сакаат да пратат лоши пораки, пораки кои им одат во прилог само ним!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од телеграмите- некролози, единствените пораки кои можеа нецензурирано да ја минуваат границата, Мајка можеше да ја состави трагичната историја на својот дел од семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)