Татко, откако се смири од пораката во скриеното полициско пусулче, го обзеде нов немир.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако овде бидат испратени оружје и муниција во доволен број Илиќ251 повторувам Илиќ смета дека е можно повторно да се освои и да се задржи прилепскиот аеродром, како и да се продолжи со нападите на вооружените групи“.252 Истиот ден од истата мисија била испратена и пораката во која се истакнувало дека “бугарската пешадија е бескорисна и се повлече минатата вечер оставајќи го целосно отворен патот јужно од Прилеп.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Добро, тоа е конвенционално писмо, порака во неколку реченици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На тоа се насмевнав и само ѝ одговорив со порака во која пишав: - Луда си, но сепак те обожавам!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можел и со букет ружи и пишана порака во плик, со ракописно извезена лирска песна да се доизрази.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еден ден, малата Андреа Фелдман оставила порака во станот во кој живеела со своите родители.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ја избришав речиси целата копија и ја забележав нашата порака во празнините оставајќи доволно од програмот за да може да биде идентифициран.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се сеќавам, една пријателка на моја пријателка, многу одамна, го откачи дечкото оставајќи му кратка порака во стих: „Цело време ми го читаше Ниче, а ниеднаш не ме фати за пиче!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поетите често прават слични работи (иако денес тоа не е баш во мода ). 118 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Ѕвонењето престана, зар не? Да, да, ви верувам дека има безброј начини да сокриеш некаква порака во некое музичко дело, како впрочем и во песните на пример.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За да може тоа свое животно искуство да им го пренесе на идните поколенија, за да може јасно, кратко и разбирливо да им ги упати тие пораки на генерациите што доаѓаат, народниот мудрец оставил пораки во вид на поговорки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Преку звукот и зракот што вибрираат наоколу, се пренесуваат пораките во два правци: до и од него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се почувствував како маратонец кој шеесет години кружел околу Езерото, со својата порака во рацете.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)