порака (имн.) - дека (сврз.)

Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше тогаш сигурно покритички помудро да се протолкуваат скриените пораки на верските крај марксистичко-сталинистичките книги – посебно низ пораката дека Сталин во Албанија го зазел местото на Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав објавено и неколку написи за Фаик Коница, веројат­но упатени на адреса од другата страна на границата, со порака дека Албанците никогаш не му се оддолжиле за големото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Попродлабочена анализа покажува дека либидиналното јадро на филмот е варијанта на едиповиот триаголник: врска меѓу јунакот (дописникот), неговата девојка и нејзиниот татко, угледниот англиски пацифист, кој во суштина е нацистички агент - нивната врска е полна двосмислени подтонови, одделни постапки, што инаку би можеле да се разгледуваат и на ниво на површинско случување (немоќта и вината на таткото, уценувањето на таткото од страна на јунакот со (лажното) грабнување на ќерката, финалниот самоубиствен гест на таткото итн.), добиваат вистинска тежина дури оттаму што од нив одекнуваат имплицитни либидинални подтонови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Примав пораки дека мора да ја земеме Ен, дека немаат никој друг. Сѐ беше погрешно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ѕидовите на ходниците беа обоени со весела жолта боја, како порака дека има некоја надеж за тие што ќе влезат тука.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А, сепак, да го запознаам? И, седнувам на компјутер и му испраќам порака дека сакам да пиеме едно кафе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стегнати, собрани, тие ќе внесеа трепет и недоумица кај соговорникот, да не беше рибјиот поглед под нив, влажен и мирен, кој праќаше јасни пораки дека од неговата замајаност може да го истрга само некој силен страв, болка или страст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)