Се плашам од дивиот нарав што во часовите на осаменост ја труе мојава душа со желба за одмазда, зошто сакам да бидам повеќе од човек, носен од внатрешниот порив кој ќе ме отуѓи од се што е човечко, а се што е човечко ме направи тоа што сум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мислата како амајлија која ја води низ векот, животното искуство како мелодија која ја надополнува композицијата. (Дис)филхармонија на морфолошките истражувања, скрибомански пориви кои везат проникливи теми.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сепак токму Margina #26-28 [1995] | okno.mk 215 Прага сјаеше сила и стремеж кон духовно соединување на Европа, порив кој секогаш одново се јавува, во еден лиричар како Рилке, на пример (можеби премногу прециозен), или во еден енигматичен поет како Кафка, да не споменуваме многубројни други.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)