Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се прашуваше неодредено дали во укинатото минато било нормално да се лежи вака в кревет, во свежината на летната вечер, маж и жена без облека врз себе, да водат љубов кога ќе посакаат, да разговараат за што сакаат, без да чувствуваат никаков порив да станат, едноставно да лежат и да ги слушаат спокојните надворешни звуци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само со користење на зборовите (односно, на симболите) како замена за она што го означуваат можеме да оствариме ограничена размена со светот што е надвор од нас.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто самиот јазик е вилает на симболи по кои посегнуваме кога, на крајот од детството, откриваме дека немаме непосредни средства за искажување на своите копнежи ниту надеж сами да го добиеме она што го сакаме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, страсниот човеков порив да најде соодветна форма за надворешно изразување на чувствата – форма што би одговарала на тие чувства и што би била сосема сразмерна со нивната величина и со нивниот интензитет – е целосно заблуден, деструктивен и предосуден на пропаст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А горе, горе сѐ порив до порив
да се бара, да се бере, да се бира
да се стигне негде, макар без цел
а горе, горе самородна арома со горчлива слуз
заситувачки и насладувачки марципан
бадемов прав и крем
служен во мали дози, налик на отров
а горе - друг свет, поинаков, питомо див
понекогаш видлив, понекогаш не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
1.
Денешно Едрене, Турција
Одисеј: да не биде доцна
Врзете ме, на време
високо на јарбол
да можам да им се нагледам
да можам да им се наслушам
а само со поривот
да ги допрам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)