порнографија (имн.) - во (предл.)

Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
При посматрањето на оваа слика се поставува прашањето: како таа би изгледала без порнографските контури?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие жени преминуваат од порнографија во уметност и обратно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа сигурно би можела, во согласност со една порано доминантна модернистичка логика, да функционира како автономно уметничко дело, и како такво би била разбрана како сликарство на една возбудлива гестуалност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелвил и го антиципира и го обратува Вајлда: Секој човек можеби го убива она што го љуби, но и секој човек го љуби она што го убива: Нека им биде ова предупреда на приврзаниците на мажественоста, на оние што претпочитаат геј-еротичност повеќе од геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите размислувања во деведесеттите се поттикнати од неколкумина жени коишто со гестови полни со иронија и цинизам укажуваат на злоупотребата на женското тело во сексуалната индустрија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)