посета (имн.) - во (предл.)

Бараше, т.е. ме замоли да му отидам на посета во болница. Морам да признаам многу се изненадив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
После работа одев на посета во психијатрија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се присетив на запознавањето. На посетите во психијатриската клиника. Како ми ѕвонеше на секои пет минути.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еднаш, при посетата во Истражниот затвор ми рече: „Зошто доаѓаш?! Те испраќа ли некој кај мене?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На почетокот не размислувавме дека тоа нè изделува од нормите што ги налагаше професијата, дека стануваме заробеници на, како што при една моја посета во затворот, ми рече Круме Волнаровски: “некоја таинствена плетка од случајности, некој див, необјаснив нагон, некоја алчност, незаситност.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повод за неговата втора посета во Македонија била и промоцијата на неговите четири романи преведени на македонски јазик: Мојот американски аџилак (второ издание); Орелот и штркот; Мара; Лавот од Јанина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имено, во шеесетите години од минатиот век, брачниот пар бил на посета во Штип.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И добро што стана така: при посетите во затворот дознав на чија страна е вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Години потоа, кога раскажувавме за оваа наша посета во Будимпешта, мајка ми знаеше да рече... и јас со паметот на Наташа...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не сме биле на никаква куртоазна посета во лудница.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Ве гледав за време на вашата куртоазна посета во лудницата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Она што не му успеа нему и на неговата Пена кога одеа на посета во тесното подрумче, како да му успеа на синот на Борис Биџов, сосема попатно спомнувајќи дека за последен ден работи таму, си нашол место, амалско, во тутуновиот комбинат, а тоа беше доволно Пелагија тоа да го прифати како идеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По три дена престој и посета во татковината и во татковата земја, како што рече човекот таму на граничниот премин, се вративме во Македонија, пак преку Ники (Негочани).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мажена е за еден од нивните најактивни раководители. Нејзините, нејзините така чести посети во овој дом имаат... известителна цел.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)