Посликовито кажано, блиските и драги медиски посредници тој ги приближува, здружува и меѓусебно ги поврзува, а одлуката да работи токму во одреден медиј како да е плод на случајност, евентуално, на промислување во последен миг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Постојат живот и филмови пред филмот за Караваџо, и се одвиваат живот и филмови после електричарскиот “biopic” за маниристот и криминалецот во една иста личност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Затоа, на прв поглед, постои конфузија при воочување на специфичностите на различните видови на Џармановата експресија: се чини дека тој слика филмови, монтира книги, пишува слики или проектира видео-спотови. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 197 Недоумиците од овој вид многу бргу се губат ако на Џарман-творецот му се пристапи како на манирист од епохата на постмодернизмот (и на останатите пост- изми).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)