Чудно однесување! Трогателна приврзаност кон она што се случува и надвор од зборовите додека бараме потпора во знаците втиснати од животот во нашите сетила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И така фатен во орото на сакатите таа, иако држена под мишките, зачекори во животот... макар и очаблавена, таа се фати на оро, смогна сили да најде потпора во радоста на постоењето и сигурност во другарувањето со слични на себе и да се чувствува достоинствено, ведро, животворно и полетно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)