Атеистичкиот музеј го претставува епицентарот на силниот ментален потрес кој е во состојба да избрише секаква трага на цивилизираниот живот; библиотеката е ненадоместливо наследство на вечната и трајна уметност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога отидов да им го кажам ова и да се посоветувам со нив, тие ми рекоа: „Овој начин на лекување се применува кај оние болни што пред тоа, по пат на некој шок или на душевен потрес, го изгубиле видот, слухот, или говорот... а потоа, по ист пат, по ист начин, кај нив се создаваат вештачки шокови, вештачки потреси кои на некои болни им овозможуваат повторно да им се врати она што го изгубиле...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)