Најпосле, моралната агонија на која невиниот Били го подложуваат воениот суд и следователната осуда само служи за да додаде нова, скокотлива и потресна димензија на неговото дотогашно совршенство како телесен објект: „ретката лична убавина на младиот морјанин“ се „продуховила сега преку последниве толку жално длабоки искуства“ (375).
Тоа зачеточно продуховување на Билиевата прекрасна плот им нуди на вљубениците во него глетка премногу восхитувачка за да ја прекинат ставајќи му крај на неговото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако тоа не е доволно морничаво, Били уште морало и да ги љуби, да им прости, да ги благослови и дури и да ги прифати тие што го убиваат, како во некакво средновековно страдание што кулминира со итро оркестрирана, многу напната, невидена емотивна и телесна размена со капетан Вир – екстаза на жртвена свирепост и на меѓусебно потчинување која е многу поразорна отколку сексот, но е нешто најблиску до сексот што може да го понуди овој бучовски свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)