Просто е непријатно како нашите луѓе без какво и да е стеснување продолжуваат да го „негуваат“ нивниот уривачки поход во деградирањето на природните вредности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Поради отсуството на јака државна организација Агријанците и Пајонците во 276/275 г.пне. се впуштиле во ограбувачки походи во Мала Азија заедно со ордите на подунавските Келти.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бездруго, кога ѝ го избрале името Ервехе кое, на персиски, значи цвет, надвладеал некој персиски ген, со кој биле дојдени отоманските освојувачи и го накалемиле исламот во својот идентитет и, потоа, низ нивните походи во Азија, на Арабискиот Полуостров, низ Медитеранот, го пренеле и на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како дојденец од Трпејца годините поминати во глувчешкиот „Шит Наумов“ со тегли ајвар и јетрена паштета беа првиот поход во скотската гладијаторска арена.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Уште кога Сулејмани Величествени во својот поход во Албанија (1538), ќе ја организира управата санџакот во Влора ќе биде под надлештво на големиот везир.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)