Распрашуваше во секое село каде фатија војводите и го следеше нивното движење, a исто така секој ден праќаше по еден селанец во Витолиште да разбере што прават, што мислат Арслан и јузбашијата, нема ли да кренат потери по него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Треба да се смисли што се случувало откако заминаа, како го нашле, со какви почести го закопале.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И со големи почести го пречекуваа, а уште со поголеми го испраќаа сиромаси селаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)