Бекман е невротичен. Но треба да се признае дека од некого во таква состојба не може да се очекува дека на човештвото ќе му дофрли појас за спасување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дебелите чорапи преку ноќ се прогласени за теткински, а волнените појаси за смешни. Чизмите и антифризот се на попуст.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Со две пчелички на рацете, три срца како ордени и златен медал во категорија „вредна како мравка“, а со црниот појас за борбеност - не можам ни да се обесам, како со даровно ортомче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
ПОЈ(АВА) - „Пој е појава!“, рекол мудро Конески додека појадувал со П. Вулкански. „Личи на Витгенштајн...“, рекол П. В. „А ова, ви се допаѓа: една фантомска појава јава на ној низ умерено студениот појас!“ „Појасни малку... “, рекол Б. Конески и си го извадил појасот, толку непријатно му било. „Пој е појас за спасување!“, рекол за крај П. В. „Личи на Сивија Плат“, рекол Б.К.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)