Но празник е! Понуди ни подобар вовед Во новото, во стварноста Спаси нѐ од маргините Речи – доста!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Што празник е утре, господе, вели. - Руса Среда, вели Велика, и таа подзапира за да се прекрсти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)