Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето и празниците посветени на радоста и на обновата на природата, а не време за замолк, не време на смрт... Во главата (што му е?) непрекинато му одѕвонува тажното мане изведувано на ут од сефардската песна „Примавера ен Салонико”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)