По извесно време, откако ќе направи неколку круга со јазикот избразден од неизречени пцости и клетви по усната празнина ќе извика: - Леле, се сеќавам, ама тој датум го нема во мојот календар. Ќе сакате ли да ми го дадете?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А празнината ќе продолжи да се влечка по тебе како празен ракав.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се оддалечи ли, тогаш се оттуѓуваат, разделница меѓу нив со широк јаз ќе настане и празнината ќе ја покрие коров.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ветер гони, ветер ќе фати. И овој пат празнина ќе клати.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)