пратеник (имн.) - од (предл.)

Така почнува со кафе. По некој ден еве ти пратеник од каушбашијата, заем му бара дваесет гроша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во неколку изборни единици, како што е бр. 87 (која ги опфаќа окрузите Бери и Јонија во Западноцентрален Мичиген), каков став да се заземе кон предметот стана средишно политичко прашање на републиканските внатрепартиски избори за пратеници од државата.29
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)